Амбасадорот во САД е новиот шеф на кинеската дипломатија

Кина го именуваше Чин Ганг, досегашен амбасадор во САД кој се смета за лојален соработник на претседателот Кси Џинпинг, за нов министер за надворешни работи во периодот кога од Вашингтон пристигнуваат спротиставени изјави во контекстот на односите со Пекинг.

Чин Ганг ја презема должноста од 69-годишниот Ванг Ји кој беше министер за надворешни работи последната деценија. Ванг во октомври годинава на партискиот конгрес беше унапреден во политбирото на Комунистичката партија и се очекува дека ќе игра поголема улога во кинеската надворешна политика.

„За решавање на предизвиците заеднички за целото човештво кинеската дипломатија ќе ја понуди кинеската мудрост, кинеските иницијативи и кинеската моќ“, изјави 56 годишниот Чин во правата изјава на новата функција.

Иако Чин во текот на својот релативно кус мандата од 17 месеци како амбасадор во САД даваше оптимистички тонови за односите на двете најголеми светски економии, во текот на неговиот мандат значително се влошија односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Во есејот објавен седмицава во американскиот магазин National Interest, Чин го изложи прегледот на кинеските ставови за надворешната политика и повтори дека односите меѓу Кина и САД не се „игра на нулта сума“ во којашто една страна добива на сметка на другата.

Во неколку американски документи за националната одбрана на САД, како и на НАТО каде што главниот збори го има Вашингтон, Кина е посочена како најголема опасност за демократиите и ривал кој сака да ги промени сегашниот светски поредок. Сепак, од почетокот на војната во Украина, зад која стои колективниот Запад, американската страна се обидува да ги стабилизира односите со Кина и да ја оддалечи од нејзината соработка со Русија.

Координаторот за новиот стратешки регион Индопацифички регион што го промовираа САД на Белата куќа, Курт Кемпбел потценувачки изјави дека Кина во кус рок сада ги стабилизира односите со Вашингтон бидејќи се соочува со домашни економски предизвици, иако американската економија се соочува со највисоката инфлација  во последните речиси половина век, и сака политички да се ориентира кон Азија.

Претходно во четвртокот заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, во писмена изјава истакна дека САД гледаат на Кина како свој единствени соперник, кој не само што има намера да го промени постојниот светски поредок, туку гради економска, дипломатска, воена и технолошка сила за постигнување на таа цел.

„Кина е нашиот единствен ривал кој е решен да го промени меѓународниот поредок и станува сѐ повеќе економска, дипломатска, воена и технолошка сила за да успее во (постигнувањето) на оваа цел“, објави Пател во писмена изјава.

Во контекстот на истата тема, претходно заменичката на државниот секретар Венди Шерман вети дека САД ќе продолжат да одржуваат отворени линии на комуникација со Кина и да ги развиваат билатералните односи во 2023 година, врз основа на резултатите од разговорите на двајцата челници остварена на ноември на маргините на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Додаде дека Вашингтон и Пекинг треба да работата заедно „за благосостојбата“ на луѓето ширум светот.

Разговорите на Бали беше првата директна средба на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Кси Џипинг, откако Бајден влезе во Балата куќа, и како што беше известено тогаш траеле повеќе од три часа. Според објавите, двајцата челници на двете водечки светски економии ги оцениле билатералните разговори на Бали како конструктивни и искрени, дале инструкции за спроведување на постигнатите договори и за одржување на контактите.