Џамбаски казнет од Европскиот парламент за нацистичкиот поздрав

Европратеникот од партијата на Европските конзервативци Ангел Џамбаски е казнет со одземање на шест дневници за нацистичкото салутирање во Европскиот парламент на средината во февруари.

Ова го соопшти претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола, пред почетокот на последната пленарна седница.

Според „Хоризонт“, фашистичкиот поздрав ќе го чини бугарскиот европратеник околу 2.000 евра, а тој може да поднесе жалба на одлуката.

Откако зборуваше на пленарната седница во средината на февруари, додека се качуваше по скалите, Џамбаски се сврте и ја испружи десната рака пред да замине.

Џамбазки ги негираше наводите дека упатил нацистички поздрав и рекол дека тоа било гест за „довидување“.