Амбер Херд наводно го тепала поранешното момче Илон Маск! Кружат фотографии од милијардерот со модринки

118

Амбер Херд наводно го тепала своето поранешно момче Илон Маск, а фотографиите од милијардерот со модринки на главата ги преплавија социјалните мрежи последниве неколку недели.

За време на судењето меѓу Амбер и Деп, голем дел од јавноста застана на страната на актерот, бидејќи Херд неколку пати беше фатена како лаже, а адвокатите на Деп исто така се обидуваат да докажат дека нивниот клиент никогаш физички не ја нападнал поранешната сопруга, туку дека сето тоа било лага. Истото го тврдат и нивните соседи кои истакнале дека Амбер никогаш не ја виделе со модринки, додека Деп го виделе.

Социјалните мрежи последниве денови беа преплавени со фотографии од нејзиниот поранешен љубовник, милијардерот Илон Маск, со модринки на главата. Маск се ваљубил во Херд за време на нејзиниот развод со Деп, а за прв пат раскинале во 2017 година поради преполните распореди. Следната година се смириле, но и тогаш не успеале.

– Само што раскинав со девојка. Бев многу заљубен и сега сум многу повреден. Таа прекина со мене повеќе отколку јас со неа, мислам. Бев многу депресивен и морав да се трудам да не изгледам така – откри по раскинувањето со Амбер во едно интервју најбогатиот човек на светот.

Набрзо се појавија гласини дека Амбер живеела на негова сметка и дека е многу манипулативна и насилна, како и нејзините пораки во кои признава дека никогаш навистина не го сакала Маск, туку со него ја „пополнувала празнината“ и „ја ублажувала тагата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.