Амбер Херд раскажала како Џони Деп станувал „монструм“

451

Актерката Амбер Херд изнела нови обвиненија против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, тврдејќи дека додека бил пијан наводно ја влечел за косата и ја давел, пренесува порталот Page Six.

Според актерката, една година откако ја почнале нивната врска, славниот актер почнал да користи алкохол и наркотици.

„Секогаш кога консумираше, бев загрижена за нас двајцата. Тој стануваше сосема поинаква личност, честопати во делириум и суров“, раскажала Херд и дадала дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Деп таквата состојба ја нарекувале „монструм“.

Според Херд, во декември 2015 година во Лос Анџелес за време на една од кавгите, Деп ја зграпчил за грлото, ја удрил по лицето и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Потоа актерот, наводно, ја фрлил на креветот и почнал да ја удира по главата.

Триесет и двегодишната Амбер истакнала дека сега 55-годишниот Деп честопати не се сеќавал на неговите сурови постапки, откако ќе се отрезнел. Ѕвездата на „Аквамен“ признала дека му простувала на својот сопруг и верувала во неговите ветувања дека ќе се поправи и ќе побара помош, бидејќи го љубела.

Актерката Амбер Херд се омажи за нејзнионот партнер во филмот „The Rum Diary“ на 3-ти февруари 2015 година. Претходно нивната врска траела три години. Сепак, кон крајот на пролетта 2016 година, Амбер поднесе барање за развод. Судот официјално ја разведе двојката во јануари 2017 година. По разводот, актерката го обвини нејзиниот поранешен сопруг за семејно насилство. Таа, исто така, рекла дека во текот на една од бројните кавги, Деп самиот си го повредил прстот.

„Ме шутираше по грбот, ме фрли на подот и на крај се онесвести од алкохол. Кога излеговме од авионот, неговиот асистент ми рече дека Џони е повредено мало дете и дека јас треба да го поддржам. Се венчавме неколку месеци подоцна. Во 2015 година, три дена со ред се дрогираше, а кога му реков да престане ми рече дека никогаш не ми ветил дека нема да зема екстази, а потоа почна повторно да ме тепа. Ме фрли на масата за пинг-понг која се скрши под мојата тежина. Ме давеше и ми се закануваше дека ќе ме убие, се исече и со крв пишуваше по ѕидот, а на крај заврши во болница“, открила Амбер за еден инцедент од мај 2014 година.

Во март годинава беше објавено дека Деп ја обвинил Херд дека му нанела телесни повреди. Како што тврди актерот, поранешната сопруга наводно врз него фрлила шише водка, кое се скршило а парчињата стакло му го пресекле средион прст до коската. Потоа ѕведата на „Пиратите од Карибите“, побарал помош од хирург. Според тужбата за заштите на честа и достоинството, Деп планида да ја тужи поранешната сопруга со побарување од 50 милиони долари. Актерот тврди дека нејзините обвиненија ја уништиле неговата кариера.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.