Амди Бајрам: Од 96-та планирав СРМ – Северна Република Македонија

Во синоќешнaта емисија на 1ТВ гостин беше пратеникот Амди Бајрам. На прашање на водителот како му звучи претседател на Северна Република Македонија, Амди Барјам одговори: „Па нормално е, гласав за тоа“.

„Видете, јас ќе ви кажам една работа, јас со тие визии сум бил многу одамна. Уште во 96-та година кога ја формирав партијата. Партијата Сојуз на роми скратеница е СРМ, значи негде 96-та година со жолти ѕвездици бев со една нога кон Европа со Ромите, така визијата била од 96-та година. И од тоа време сум планирал и скратена верзија СРМ – Северна Република Македонија“, нагласи Бајрам.

Бајрам појасни дека овие денови оди со лајкови да види дали ќе има 10.000 лајкови. Тоа би значело пробен балон колку го прифаќаат граѓаните.
Ќе бара, без разлика на која било политичка партија, 30 пратеници, а доколку не добие, ќе оди на собирање на потписи.