American Airlines ја продолжи забраната за летови на „Boeing 737 MAX“ до 19-ти август

38

Американската воздухопловна компанија „American Airlines“ објави дека ја продолжи забраната за летовите со авионите од моделот „Boeing 737 MAX“ до 19-ти август, соопшти компанијата во неделата откако претходното суспендирање беше поставено до 5-ти јуни.

„Одлучивме да го продолжиме суспендирањето на летовите кои се изведуваат со авионите Boeing 737 MAX до 19-ти август… Во значителна мерка сме убедени дека моделите МАХ ќе бидат пресертиофикувани до тој период“, се наведува во соопштението на раководството на „American Airlines“.

Од авиокомпанијата додаваат дека со оваа мерка ќе бидат откажани околу 115 летови дневно, што изнесува околу 1,5 отсто од сите дневни летови во САД.

На 13-ти март американскиот претседател Доналд Трамп објави за суспендирањето на летовите со авионите Boeing 737 MAX 8 и MAX 9 на неодредено право. Причина за оваа мерка беше падот на авионот од овој модел на „Ethiopian Airlines“ на 10-ти март во Етиопија, кога загинаа 157 лица, а причините за катастрафата беа идентични со оние за уривањето на 29-ти октомври 2018-та на истиот модел воздухоплов на компанијата „Lion Air“ во Индонезија кога загинаа 189 лица.

На почетокот од април директор на корпорацијата „Boeing“, Денис Меленберг, во соопшти потврди дека грешката во системот за подобрување на меневрирачките карактеристики MCAS (Maneuvering Characteristics Augmentation System) имал удел во функционирањето на двата авиона од типот „Boeing 737 MAX“ кои се урнаа во период од пет месеци

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.