Повеќе од 2,4 милиони случаи на заразата со новиот коронавирус и околу 143.000 смртни случаи се забелажани во Северна и во Јужна Америка, со што овој региотн стана ново глобално жариште на пандемијата, објави во втроникот Панамериканската здравствена организација (PAHO).
Директорката на организацијата, Кариса Етјен, изјави дека во PAHO се особено загрижени поради големиот пораст на случаите на заразата со SARS-Cov-2 во Перу и во Чиле, како и во Бразил, каде што претседателот Жаир Болсонари го критикуваше воведувањето на карантинот.
За повеќето држави во двете Америки „сега не е време за ублажување на мерките или откажување од превентивните стратегии“, рече Етјен.
Повика, исто така, на спроведување „поагресивни превентивни мерки“ против незаразните болести, како што е дијабетесот и срцевите заболувања, како и болестите на респираторниот тракт. Овие болести се причина за 81 отсто од стите смртни случаи во Америките пред појавата на Covid-19, посочи Етјен, додавајќи дека коронавирусот заболените од овие болести ги стави во уште поголем ризик.