Американци дивееле во скопски локал

Ноќта кон понеделникот двајца американски државјани се пријавени и приведени поради кршење и обид за физичка пресметка во локал на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје,

Инциденетот бил пријавен околу 2 часот по полниќ, по што полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 30-годишниот Г.Ф. и 27-годишниот Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.