Американците предупредени за повисоки трошоци за греењето

Американските домаќинства оваа зима ќе плаќаат повисоки цени за затоплување на нивните домови отколку минатата сезона, поради остриот скок на цените на енергенсите, процени американското министерство за енергетика.

Цените на енергијата се зголемија во целиот свет, предизвикувајќи проблеми во снабдувањето во големите економии како Кина и Индија. САД засега се поштедени од такви проблеми, иако цените на енергенсите во дијапазонот од природниот гас до мазутот пораснаа на највисоките ниво во повеќе години и ќе претстауваат сериозен удар за финансиите на домаќинствата кога температурите ќе почнат да паѓаат.

„Откако заврши фазата на најдлабокиот пад на економските активности, според нашата процена, побарувачката на енергија воопшто расте посилно од понудата. Таквата динамика ги крева цените на енергијата во целиот свет“, констатираше во писмената изјава за јавноста вршителот на должноста челник на управата за енергетика, Стив Нејли.

Речиси половината од американските домаќинства се греат на природен гас и во министерството проценуваат дека нивните просечни трошоци за затоплување во периодот од октомври до мар ќе бидат за 30 отсто повисоки отколку во истиот период минатата 2020 година.

Домаќинствата минатата зима затоплувањето на домовите со гас го плаќале во просек по 573 долари, што е даелку поевтино од другите значајни енергенси, но цените на гасот изминатите седмици силно пораснаа поради недостатоците во регионите големи потрошувачи како Европа и Кина, предизвикани со подемот на побарувачката по рестартирањето на економиите по пандемиската криза.

САД извезуваат само мал дел од произведениот природен гас, поради ограничениот простор во терминалите за нивниот главен извоз преку течниот природен гас (LNG).

Струјата е примарниот извор на затоплување на домаќинствата во САД и го користат 40 отсто од нив. Поскапа е од природен гас и природниот гас и домаќинствата оваа година за затоплување на струја би требало во просек да издвојат 1.268 дола, проценуваат во министерството за енергетика, но нејзината цена ќе биде само за 6 отсто зголемена отколку минатата зима.

Мазутот и пропанот за затоплување го користат само околу 9 отсто од домаќинствата и тие ќе бидат најмногу погодени, имајќи предвид на прецениот раст на просечните трошоци за затоплувањето за 54 односно 43 отсто во однос на минатата земја, извести иминистерството.