Американците забележале зголемена дискриминација на белците, според анкета

Речиси третина од белите Американци, односно 30,1 отсто, забележуваат значително зголемување на дискриминацијата на сонародниците со иста боја на кожата во САД во последните пет години, според истражувањето на јавното мнение за Универзитетот Мериленд во соработка со истражувачката компанија Nielsen Scarborough.

Покрај тоа, 28,9 отсто од белите испитаници забележале зголемување на дискриминацијата кон азијатското население во САД, 21,7 против еврејското население, 20,4 кон афроамериканците, 19,7 кон муслиманите и 14,7 кон латиноамериканците.

Од друга страна, пак, меѓу темнокожите испитаници, 53,2 отсто забележале значително зголемување на дискриминацијата на афроамериканци, 38,9 против Американците од азијатско потекло, 33,3 на латиноамериканците, 29,3 отсто на муслиманите и 23,7 против припадниците на еврејската заедница. Само 13 отсто од темнокожите испитаници сметаат дека белото население во САД значително се соочило со раст на дискриминацијата во последните пет години.

Истражувањето било спроведено од 6-ти до 16-ти мај годинава, во онлајн формат, а во анкетата учествувале 2.091 испитаник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.