Американецот Мајк Лусијано ја освоил главната премија на лотарија по четврти пат од 1999 година наваму. Последната награда ја добил на 6-ти јануари 2022 година, кога купил лоз од 20 долари и освоил милион долари, пишува The Sun.
Лозот го купил откако играл на машина за видео игри во која некогаш уживала неговата покојна мајка.
„Играв за мајка ми“, вели Мајк. Кога го изгребал лозот и сфатил дека ги добил парите, отишол во државната лотарија да им го предаде лозот.
Првата победа ја остварил во 1999 година, кога добил 100.000 долари. Тој освоил три милиони долари во 2016 година, а потоа и половина милион долари на лотаријата во Пенсилванија минатата година. Така, вкупно освоил околу 4,6 милиони долари.
Вели дека продажбата на лозови во Пенсилванија се зголемила по неговите добивки, но ги предупредил луѓето да не трошат премногу пари на тоа. Тој признава дека е зависник од коцкање и игри на среќа.
„Луѓето не треба да го прават тоа што јас го правам. Не сакам луѓето да мислат дека сум неблагодарен, ова е неверојатно и не можам да бидам поблагодарен за она што ми се случува, но не сакам луѓето да мислат дека и на нив ќе им се случи“, забележува среќникот.