Американец прогласен невин откако мина 43 години в затвор

судсика Сега 62-годишниот афроамериканец Кевин Стрикленд е ослободен од вината и е пуштен на слобода во вторникот според одлука на судот во сојузната држава Мисури, откако било утврдено дека поради судиска грешка минал 43 години минал во затвор.

Стрикленд во 1979 година поротата која била составена само од белци го осудила на доживотен затвор за тројно убиство кое тој упорно го негирал.

„Никакви материјални докази не го поврзувале со злосторството, а е осуден исклучиво врз основа на исказите на преживеаниот сведок којашто подоцна го повлекла исказот“, истакнал судијата Џејмс Велш во одлуката.

Покрај тоа, двајца од четворицата сторители на крвавиот напад потврдиле дека е невин, истакнува судијата.

„Довербата во судот во случајот на осудителната пресуда за Стрикленд е потполно нарушена“, оценува судијата Велш наредувајќи „моментално пуштање на затвореникот на слободата“.

Главната обвинителка на округот Џексон која побарала поништување на пресудата, ја поздрави одлуката на судот.

„Овој човек кој толку многу пропатил поради несреќната судиска грешка конечно доби правно задоволување“, изјави во писмената изјава за медиумите обвинителката Џин Питерс Бејкер.