Американец си го уби синчето „бркајќи го демонот“ во него

Полицијата на американската сојузна држава Аризона го упсила 31-годишниот Пабло Мартинез обвинет за убиство на својот шестгодишен син, пренесува телевизискиот канал FOX8.

Според иследниците, Мартинез признал дека истурал топла вода во грлото на момченцето. Како што објаснил, на тој начин сакал да го избрка демонот кој го видел во негвоиот шестгодишен син.

Мажот детално објаснил како го држел детто под чешмата во бањата, а топлата вода „почнала да го брка демонот“. Во таквата состојба момченцето се наоѓало меѓу пет и десет минути, сметаат истражителите.

Сопругата на Пабло повикала полиција, меѓутоа, кога полициските службенмици пристигнале на местото, детето било сместено во кревет. За жал, не давало знаци на живот.

Во судските документи во кои телевизијата имала увид, се укажува дека момченцето било донесено во медицинскиот центар на Универзитетот Банер со изгореници на 15 отсто од телото. Таму само можеле да го констатираат трагичниот исход од налудничавата идеја на таткото.