Американец уапсен и обвинет за каснување полициско куче

Маж од Њу Хемпшир е уапсен поради тоа што каснал полициски пес додека полицијци спроведувале истрага за пукање во гратчето Боскавен, објави тамошната полиција.

Инцидентот се случил во неделата кога полициски службениици ја проверувале информацијата дека во една куќа има застрелано лице.

Во куќата откриле две лица по коишто биле распишани потерници и коишто се обиделе да побегнат кога полицијата се обидела да ги приведе, изјавил во вторникот полицискиот поручник Џејсон Килари.

„Двајцата силно се спротиставуваа на апсењето. Еден го касна песот, и кучето возврати со каснување а потоа мажот беше онеспособен со зашеметувач“, изјавил Килари.

Мажот, чијшто идентитет не е објавен, е обвинет за давње отпор при апсење и напад врз полициско куче. Песот не е повреден и може да се врати во редовна служба.

„Доколку се натпреварувате во каснувања со полициско куче, нема да победите. Тоа навистина добро им оди“, предупредува полицискиот службеник.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.