Американец во багаж како ‘сувенир’ понел ракетен фрлач

Вработените од обезбеднувањето на меѓународниот аеродром Балтимор-Вашингтон пред два дена заплениле ракетен фрлач кој го пронашле во куфер на еден патник, соопшти портпаролката на Државната агенција за безбедност на сообраќајот (TSA).

Тексашанецот, сопственик на трофеен ракетен фрлач, рекол дека станува збор за „сувенир кој го донел од Кувајт“, пишуваат американските медиуми.

„„Можеби наместо фрлачот требало да понесе со себе привезок за клучеви“, напиша портпаролката на TSA, Лиза Фарбстејн на Twitter.

Во соопштението на Агенцијата за безбедност на сообраќајот, пак, се наведува дека патникот родум од Џексонвил е професионален војник.

„За среќа овој предмет не е исправен, но сепак го запленивме и им го предадовме на пожарникарите“, се додава во соопштението на TSA, во кое стои уште и дека на сопственикот му било дозволено да ги продолжи патот и преместување на друг лет.

Според објавените фотографии се чини дека станува збор за рачен ракетен фрлач од моделот „Griffin“, „прецизно оружје кое предизвикува малку колатерална штета“, според тврдењето на производителот, американската компанија „Raytheon“.

Не е првпат во багажот на патници во САД да се пронајде воено оружје. Во август 2018 година, на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти, службениците на TSA конфискувале реплики од гранати пронајдени во кофер кој ја минал безбедносната проверка.