Американец вторпат за три години освои 4 милиони долари

Што да се прави кога на лотарија ќе освоите четири милиони долари? Американецот Марк Кларк го знае одговорот: купете нов лоз и освоите уште четири милиони долари, се вели во прилогот на телевизијата CNN.

„Кога играте лотарија не мислите дека во некој момент ќе освоите повеќемилионска сума, а дефинитивно не помислувате дека двапати ќе ви се посреќи. Тешко ми е воопшто со зборови да се изразам како се чувствувам“, изјавил Марк Кларк од Саут Роквуд во американската сојузна држава Мичиген, откако бил добитник по вторпат претходно во јуни.

Овој сега педесетгодишник ваквата среќа првпат ја почувствувал пред три години. Тогаш работел на бензинска црпка во Хадсон во државата Мичиген. Купил „грепка“ го истругал бар-кодот каде што пишувало дека треба да се обрати на службениците на продажното место.

„Додека разговаравме со службеничката, таа го изгреба и остатокот од лозот, а потоа шокирано ме погледа и рече: Марк, штотуку освои четири милиони долари!“, вели среќникот кој набрзо потоа се пензионирал.

Неодамна пензионерот Кларк повторно одлучил да купи инстант лотарија. Го истругал кодот, се јавил на шалтерот и повторно останал шокиран – добил нови четири милиони долари.

„Грепката ја истругав со паричката што ми ја даде татко ми пред десетина година. Пред една година ја загубив, но успеав да ја најдам по дома. Можеби тоа е мојата среќна паричка“, изјавил за порталот на приредувачот на играта на среќа „Michigan Lottery“.

Кларк вели дека ќе се врати на мирниот начин на живот, каков што водел и десега.

„Пензијата и риболовот, тоа е тоа. Многу убаво време коешто и натаму ќе го минувам со синот и семејството. На рибарење одам со татко ми, на двајцата ни е омиленото хоби“, вели скромниот добитник на вкупна сума од осум долари.