Американката Томас го преплива Ламанш рекордни четири пати

47

Американската пливачка на долги патеки Сара Томас стана првата личност во светот која четири пати без престанок го преплива каналот Ламанш, а единствената пауза во текот на 54-часовниот подвиг ја земала за да испие енергетски пијалак.

Триесет и осумгодишната Томас, која потекнува од сојузната држава Колорадо, овој голем успех го оствари само една година откако го преболела ракот на дојката и го посвети на сите заболени од оваа болест.

Исцрпена и со сува грло од соленатра вода, на брегот стасала во вторникот утрото кај Довер, на југот од Англија.

„Без текст сум. Многу луѓе ме дочекаа и ми честитаа. Навистина убаво од нив. Немам зборови, не можам да поверувам дека го сторивме ова“, истакна за бројните новинарски екипи Томас и додаде дека во текот на пливањето видела многу риби и медузи.

Теоретски, делницата која Томас ја испливала е долга 130 километри, но поради силните струење во теснецот кој Англичаните го нарекуваат Каналот, всушност испливала 210 километри.

Претходниот рекорд го држеа четворица пливачи на долги дистанци, кои трипати без запирање го препливаа морето меѓу Англија и Франција.

Томас во текот на пливањето земала само течна храна. Тимот од чамецот кој ја следел ѝ дофрлил шишенце во кое имало мешавина од јагленохидрати, електролити и кофеин, со малку јаболков сок поради вкус. Кога стасала на брегот сакала успехот да го прослави со шампањ, но не можела да го испие. Сепак, земала неколку чоколатца.

„Се надевам дека ќе го преспијам остатокот од денот. Многу сум уморна“, рекла Томас, која Ламанш претходно го преплива во 2012 и во 2016 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.