Американка почина по трансплантација на бели дробови заразени со коронавирус

Лекари од Мичиген потврдиле дека пациентка на којашто кон крајот на минатата година ѝ биле трансплантирани бели дробови по два месеца починала бидејќи дополнително било утврдено дека донорот бил заразен со новиот коронавирус, иако првите тестови покажале дека е негатовен на SARS-CoV-2, јави телевизиската мрежа NBC News.

Медицинскиот факултет при Универзитетот Мичиген наведува дека тоа би можело да биде првиот докажан случај на Covid-19 во Америка како резултат на зараза со вирусот преку орган за трансплантација. Хирургот кој ги обработувал белите дробови, исто така, се заразил и заболел, но успеал да оздрави.

Според досегашните сознанија, се чини дека станува збор за изолиран случај, единствениот потврден и речиси 40.000 трансплантации изведен во САД во текот на минатата 2020 година.

Лекарот Даниел Каул, шефот на одделот за трансплантација, изјави дека сите наоди кои инеку се работата, вклучително и на пациентот и на донорот, се направени и дека тестовите на SARS-CoV-2, вирусот кој ја предозвикува болеста Covid-19 биле негативни. По овој случај др Каул повикува на уште подетални наоди кај донорот, истакнувајќи дека освен примероците од носот и грлот потребно е да се тестираат примероците од најдлабоките делови на белите дробови.

„Сигурно не би ги користеле тие бели дробови доколку имавме позитивен тест на Covid-19“, вели др Каул.

Белите дробови биле земени од жена којашто загинала во сообраќајна несреќа и биле трансплантирани на жена која патила од хронична опструктивна болест на градиоте. Операцијата била изведена во Универзитетската болница во Ен Арбороу.

Три дена по операцијата, примателката на органот развила треска, паднал крвниот притисок и сѐ потешко дишела. Снимките покажале инфекција на белите дробови. Со влошувањето на состојбата, дошло до сепса и срцеви проблеми.

Лекарите се решиле да го повторат тестот на SARS-CoV-2. Примероците од белите дробови покажале позитивни резултати, но лекарите ги мачело потеклото на инфекцијата, бидејќи не биле сигурни кој е првично бил заразен, примателката или донорката на органот.

Тестирањето на примероците од сочуваната течност од белите дробови на донорот, исто така, дале позитивен резултат, а генетскиот скринин открил дека примателката на органот и лекарот кој го обработувал го заразила донорката.

Состојбата на пациентката сѐ повеќе се влошувало, имало затајување на повеќе органи, применети биле сите познати терапии, вклучително и третман со „ремдесиви“ и крвна плазма од луѓе кои оздравеле од Covid-19, а на крајот била ставена на ECMO апаратот. Но сето тоа било попусто и пациентката починала 61 ден по трансплатацијата.