Американка со децении чувала мртво бебе во замрзнувач

103
Адам Смит пред ладилникот кој четири децении ја криел тајната на неговата мајка

Жителот на градот Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури, Адам Смит, пронашол во ладилникот во домот на неговата мајка мртво новороденче, пишува весникот St.Louis Post-Dispatch.

До морничавото откритие мажот дошол при расчистувањето на домот на неговата мајка по нејзината смрт. Жената во куќата живеела повеќе од 20 години и починала пред околу две седмици од рак на белите дробови на 68-годишна возраст. Адам Смит и неговата 45-годишна сестра целиот живот се прешувале што чувала нивната мајка во картонската кутија во замрзнувачот.

Во текот на чистењето, мажот наишол на мала картонска кутија во замрзнувачот на ладилникот. Тој ја имал видено кутијата и порано, но неговите родители му кажувале дека во неа сестра му ги чувала украсите од свадбената торта. Сега Адам Смит помислил дека мајка му можеби во кутијата ја чувала својата заштеда, бидејќи таа немала банкарска сметка. Но кога ги подигнал капакот, видел розева пелена и мумифицирани останки од женско новороденче.

Според Адам, неговата мајка во текот на изминатите 40 години се селела најмалку четири пати, и секогаш со себе ја понесувала оваа кутија.

„Таа никогаш не ми кажа што има во кутијата, не призна дури ни на смртната постела. Тоа наведува на помислата дека таа направила нешто со тоа бебе и не сакала никому да каже“, вели.

Дури сега Адам си споменува дека пред многу години, мајка му еднаш споменала мртвородено дете.

„Имав седум или осум години, одевме некаде и јас ја прашав зошто е толку тажна. Ми рече ’Моето најстаро чедо денес ќе имаше 21 година’. И уште рече дека нејзиното име било Џенифер“, додава Адам.

Била повикана полицијата којашто го однела малото тело, и сега треба да се почека на стручното мислење. Адам веќе дал примероци од ДНК за да открие дали мртвото девојче му била сестра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.