Американката Меклафлин го подобри рекордот на 400 метри со пречки

Американската атлетичарка Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки на атлетското првенство на Соединетите држави ноќта кон неделата.

Дваесет идвегодишната атлетичарка делницата ја мина за 51,41 секунди. Меклафлин беше сопственик и на претходниот светски рекорд на 400 метри со пречки од 51,46 секунди, поставен минатата година на Олимпијадата во Токио.

Меклафлин е двократен олимписки шампиони. Таа го освои и златниот медал и на штафетната трка 4 пати по 400 метри на игрите во Токио. Носителка е и на сребрениот медал од Светското првенство во 2019 година во дисциплината 400 метри со пречки, како и на златниот медал на истиот турнир во штафетната трка на истата делница со американската селекција.