Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои седмото злато по ред. Во нерамноправно финале во Токио, ѕвездите од женската НБА лига ја надиграа домашната Јапонија со 90-75.
Најефикасни во победничката селекција беа Гринер со 30 и Вилсон со 19 поени, а кај Јапонките се издвоија Такаши со 17 и Мотохаши со 16 поени.
Последниот пораз на Американките на Олимписките турнири датира од пред 29 години на Игрите во Барселона.