Американска компанија сака да ја купи Рома

16 January 2020. ANSA/BARACCHI-CAMPANINI

Американската компанија „General American Capital Partners“ (GACP) ја разгледува можноста за купување на фудбалскиот клуб Рома, објави „Кориере дела Сера“.

Сопственикот на компанијата Џо ДаГроса внимателно ја следи состојбата.

Вреди да се спомене дека GACP го купи Бордо во есента 2018 година. Сепак, навивачите беа незадоволни од управувањето, па една година подоцна францускиот клуб го смени својот сопственик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.