Американска кошаркарка го молеше Бајден за помош, па призна дека внесе дрога во Русија!

Американската кошаркарка Бритни Грајнер се наоѓа во руски затвор и се надева дека САД ќе успее да се договори со Русија за нејзина размена со друг затвореник, откако беше фатена на аеродром со дрога.

Грајнер беше уапсена во февруари поради внесување на дрога во Русија, па сега ѝ се заканува затворска казна до 10 години.

Кошаркарката реши да ја признае вината, а свесна е дека не може да биде ослободена од обвинението, но сепак се надева дека ќе биде разменета со друг затвореник, откако јавно побара помош од американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе ѝ помогне.

„Би сакала да признаам дека сум виновна. Немав намера да ги прекршам законите“, кажа Грајнер.