Американската амбасадорка Агелер најави, тим за санкции од САД ќе ја сузбива корупцијата во Македонија

Тим за санкции од Вашингтон е тука да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.

Ова преку Фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во Скопје, го соопшти американската амбасадорка, Анџела Агелер.

Во продолжение од пораката таа упатува строги критики кон состојбите во македонското правосудство.

„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.

Амбасадорката претходно изрази критика и при изборот на Ислам Абази за прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Како што беше истакнато, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите биле збунувачки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.