Американската амбасадорка Брнс го посети Охрид и ги фотографираше убавините

Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Мери Брнс веднаш по преземањето на новата должност, дојде и на отварањето на 59. „Охридско лето“ завчера на Античкиот театар, а викендов успеа да ги види и фотографира убавините на Охрид.

Кејт Мери Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

За време на сослушувањето во сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

Нејзиниот претходник беше Џес Бејли кој си замина од функцијата во февруари оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.