Американската берза изгуби 1.700 милијарди долари вредност за само два дена

Акциите во индексната корпа S&P 500 изгубија околу 1.737 милијарди американски долари за само два дена од масовната распродажба на Вол Стрит, објави Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на податоци на S&P Дау Џонс која ги пресметува вредноста на тие индекси.

Индексот на акции на С&П вчера изгуби 810 милијарди американски долари вредност, откако загуби 927 милијарди американски долари еден ден претходно, изјави Хауард Силверблатр, висок аналитичар за индекси во компанијата.

Според податоци на компанијата S&P Дау Џонс, вредноста на акциите падналa за 2.138 милијарди американски долари од рекордното ниво на кое беа минатата среда, бидејќи инвеститорите почнале да распродаваат за да се ослободат од ризичните активи, во услови на се поголем страв од забавување на глобалниот раст поради смртоносниот нов коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.