Американската економија забавила на крајот од 2022-ра

Растот на американската економија забавила во четвртото тримесечје од минатата 2022 година под притисокот на подигнатите клучни каматни стапки кои ја закочиле потрошувачката и подзапирањето на извозот, покажа во четвртокот прелиминарната процена на Министерството за трговија.

Во периодот од октомври до декември реалниот бруто домашен производ (БДП) пораснал за 1 отсто во однос на истиот период од претходната 2021 година, по 1,9-процентниот раст во период од јули до септември минатата 2022 година, според пресметките на министерството.

Стапката на раст е најниската од пандемиската 2020 година. На тримесечно ниво, активноста во последните три минатогодишни месеци пораснала за 0,7 отсто, речиси со исто темпо како и во периодот од јули до септември.

Ануализираната стапка, којашто покрај САД ја користат уште само Јапонија и Канада, а покажува колку економијата би пораснала односно опаднала наназад 12 месеци доколку во секое тримесечје пораснала односно паднала како во последните три месеца, изнесувала во четвртиот квартал 2,9 отсто, појаснува Reuters. Така, во третото тримесечје ануализираната стапка покажувала раст на активностите за 3,2 отсто.

Последниот минатогодишен квартал го одбележале умерената инфлација, ниската невработеност, континуираната неизвесност во синџирите за набавка и растот на каматните стапки, наведува американското Министерство за трговија.

Го истакнуваат и слабиот раст на извозот, како и на државната и на личната потрошувачка и вложувањата во фиксната сопственост.

Извозот на САД во последните три лански месеци пораснал за 5,3 отсто во однос на истиот период во 2021 година, за двојно послабо отколку во претходниот квартал, според извештајот.

Потрошувачката на граѓаните, заслужна за повеќе од две третини на активностите, била главниот придвижуач на растот, а е зголемена за 1,9 отсто, по 2.2-процентниот раст во третото ланско тримесечје, пресметале во министерството, истакнувајќи ја отпорноста на пазарот на трудот и штедењето акумулирано во пандемијата на Covid-19.

Меѓутоа, се исцрпела побарувачката на граѓаните за трајни добра, коишто главно се купуваат на кредит, а некои домаќинства, особено оние со пониски приходи, ја потрошиле заштедата. И потрошувачката на компаниите, помалку забавила на крајот од четвртиот лански квартал.

Во 2022 година реалниот американски БДП пораснал за 2,1 отсто, по 5,9-процентниот скок во 2021 година кој во добар дела ја одразувал ниската споредбена основица во 2020 година и наглото закрепнување на економијата по укинувањето на карантинот и другите епидемиолошки ограничувања.