Американската полиција повторно на тапет, ускратувала докази во многу случаи

Околу 2.500 лица биле ослободени од обвиненија за тешки злосторства во текот на изминатите 30 години во САД, откако биле погрешни осудени.

Во речиси половината од случаите, според студијата објавена во вторникот, американската полиција и обвинителите ускратиле докази кои можеле да ги ослободат обвинетите.

Студијата Национален регистер на поништени пресуди, кој го покренале правниот факултет на Универзитетот Мичиген, правниот факултет на Државниот универзитет Мичиген и Центарот за наука и општество на UCI, покажуват дека доказите кои би го ослободиле обвинетите биле ускратени во 61 отсто погрешни пресуди за убиство.

Во 72 отсто од погрешните пресуди, во кои обвинетиот бил осуден на смртна казна, постоело несоодветно постапување на полицијата и обвинителството. „Несоодветното постапување главно е почесто кога насилството е поекстремно“, се наведува во студијата.

Во студијата се наведени бројни причини за неправедни пресуди: користење на проблематична техника на присилување на осомничениот да признае вина, поттикнување или присилување на сведокот да сведочи против обвинетиот, фабрикување докази и заобиколување на законот од страна на обвинителството.

Несоодветното постапување кое предизвикало погрешни пресуди е за малку повеќе кога обвинетиот е црнец, отколку кога е белец. Меѓутоа, во одредени видови злосторства црнците многу почето биле погрешно осудени. Така, црнците во предусудите поврзани со дроги 12 пати почесто од белците биле погрешно осудени.

Меѓутоа, и белците биле почесто жртви, особено во случаите на корупција и измами. Во таквите случаи не грешела полицијата, туку сојузните обвинители коишто веројатно сакале да се докажат успешни во решавањето на ваквите случаи.

Лице погрешно осудено за убиство минало просечно во затвор 13,9 години, според податоците на студијата.

Како пример е наведен случајот на Мајкл Мортон, кој е осуден за убиството на својата сопруга во сојузната држава Тексас во 1987 година. Во извештајот се наведува дека окружниот обвинител Кен Андерсон „ги сокрил потенцијално ослободителните докази кои можеле да доведат до вистинскиот убиец, кој убил уште една жена во 1988 година“. Мортон, кој бил осуден на доживотен затвор, е ослободен во 2012 година со споредба на ДНК анализа.

Авторите на студијата наведуваат дека тешко е да се реши споменатиот проблем. Имено, во полициските оддели постои културата на фокусирање на добивањето признание и одбивање на критиките, додека обвинителите имаат моќ без надзор, се додава.