Американската војска ликвидирала сомалиски џихадистички водач

Американските сили извеле борбена операција во Сомалија, елиминирајќи голем број милитанти на џихадистичката терористичка групација Исламска држава, вклучително и нејзиниот локален лидер Билал ал-Судани, се вели во писмената изјава од ноќта кон петокот на американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Американската војска извршни офанзивна операција во северна Сомалија, којашто резултираше со загинување на неколку припадници на Исламската држава, вклучително и Билал ал-Судани, водачот на Исламската држава во Сомалија и клучен координатор во глобалната мрежа на Исламската држава“, се истакнува во објавата на шефот на Пентагон.

Притоа се наведува дека ал-Судани бил одговорен за зголеменото присуство на Исламската држава во Африја и за финансирањето на терористичките напади што ги изведуваат приврзаниците на оваа ултрарадикална сунитска организација ширум светот, вклучително и во Авганистан.

Операцијата била изведена на 25-ти јануари, во согласност со „наредбата на претседателот“ Џо Бајден. Се додава дека во неа нема настрадани цивили и оти американската војска немала загуби,

Неименувани функционери за агенцијата Reuters прецизирале дека во операцијата покрај ал-Судани биле убиени и негови десет соработници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.