Американската војска уби еден од најмоќните ирански генерали, нападот го наредил Трамп

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил воздушен напад во кој денеска во раните утрински часови во Багдад бил убиен високорангираниот ирански генерал Касим Сулејмани.

„Американската војска на заповед на претседателот донела одлучни одбранбени мерки за да ги заштити американските вработени во странство ликвидирајчи го Касим Сулејмани“, соопштило американското министерство за одбрана.

Сулејамни, кој ги водел американските воени операции во Ирак и Сирија, загинал додека локалните сојузници го возеле во Багдад. Во нападот исто така бил убиен и заменик шефот на ПМУ, Абу Махди ал-Мухандес, близок соработник на Сулејмани.

„Генералот Сулејмани активно развиваше планови за напад на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и ширум регионот. Овој удар имал за цел да ги одврати иранските планови од напад. САД ќе продолжи да презема мерки за да го заштити наштиот народ и нашите интереси, каде и да се наоѓаат на светот“, се наведува во соопштението на Пентагон.

Инаку, неколку минути пред соопштението на официјалните институции на САД, Трамп на својот Твитер профил објавил фотографија од американското знаме, без коментар.

Иран ја потврдил смртта на Сулејамни, велејчи дека САД ќе бидат одговорни за последиците.