Американски експерт за заразни болести: Можен е целосен карантин во САД

Главниот експерт за заразни болести во САД, Ентони Фаучи не ја исклучува можност за целосен карантин на неговата земја, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Би сакал да видам големо намалување на собирите во јавноста, кои и понатаму се случуваат во рестораните и клубовите. Би сакал да направиме се што е потребно да се преземе за тоа да се случи, истакна Фаучи утрово во интервју за Си Ен Ен. Тој е инаку директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

Бројот на заразени со коронавирус во САД изнесува над 3.000, а починати се 60 лица.

Во светот досега починати се над 6.000 луѓе, а 5.662 се наоѓаат во критична состојба.