Американски експерти со нова верзија за исчезнувањето на малезискиот „Boeing“

Во авионот на авионот на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ најверојатно се наоѓал киднапер кој не бил поверзан ниту со некој од екипажот, ниту со некој од патниците, кој намерно го спуштил воздухопловот на летот MH370, смета еден од експертите за воздухопловна безбедност Тим Термини, пренесува весникот The New York Post.

Според него, киднаперот можеби влегол во авионот додека бил на пистата и во него го чекал полетувањето. Експертот дозволува и други сценарија, односно дека патничкиот авион бил грабнат од некој од членовите на екипажот или од патници, кои исто така имале можноста да го хакираат контролниот систем уште на земјата.

Авионот од моделот „Boeing 777-200ER“ на компанијата „Malaysia Airlines“ на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекигн со 239 патници и членови на екипажот исчезна од радарите на 8-ми март 2014 година половина час по полетувањето. Сите патници и членови на екипажот се прогласени за мртви, но ниту нивни останки, ниту остатоци од самиот авион досега не се пронајдени. Водухопловните експерти изложија разни верзии за она што можеби се одиграло на кобниот лет, но исчезнувањето на авионот до денес останува една од најголемите мистерии во последницте децении, и покрај најмасовната меѓународна истрага во која беа вклучени авијациите и морнариците на десетици земји,

Стручњаците тврдат дека некои остатоци од авион кои беа пронајдени на плажи на Мадагаскар пред источниот брег на Африка припаѓаат на исчезнатиот авион, но тоа не е официјално потврдено. Покрај тоа, нема информации дека контролите на летањето на земјите немаат регистрирано лет на непознат авион во тој период, а ниту многуте бродови пријавиле авионска хаварија во океанот.

Американскиот експерт за воздухопловна безбедност Тим Термини за весникот посочил дека постојат четири можноста за киднапирање: од член на екипажот, од патник, несреќа или електроничко преземање на контролата над системите на авионот од земјата.

Ниедна од досегашните теории нема широка поддршка од експертската јавност. Најчестиот заклучок за мистеријата на летот MH370 е дека капетанот на летот, тогаш 53-годишниот Захари Ахмад Шах, бил вознемирен и депресивен и намерно го соборил авионот во океанот.

Филпип Баум, постојан соработник на специјализираното стручно списаните Aviation Security International, вели дека официјалните лице не сакаат да размислуваат дека во исчезнувањето или падот е вмешано лице кои без билет влегло во авионот. „Мислам дека постои голема можност верзијата за вмешаност на слеп патник“, вели Баум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.