Американски гинеколог оплодил 50 жени и добил една година условно

Американски лекар за плодност во текот на четириесет години ја користел својата семена течност за да ги оплодува своите пацинетки и станал татко на најмалку 50 деца, пишува во вторникот магазинот The Atlantic.

Гинекологот од сојузната држава Индијана, Доналд Клајн, почнувајќи од 1970-те години тајно забременувал жени, давајќи свои примероци за генетски материјал наместо на разни донори.

Неговите пациентки воопшто не се посомневале сѐ до 2014 година, кога една од ќерките на Клајн, Џејкоба Баллард одлучила да ги најде своите полубраќа или сестри преку посебен форум. Поради сличноста, таа го привлекла вниманието на една од учесничките, која всушност се покажало дека е роднина на Баллард. Се покажалом исто така, дека таа има  уште шест браќа и сестри.

Потоа и другите деца на пацеинтките на Клајн ги откриле нивните врски. Како резултат на најновите ДНК тестови, татковството на лекарот веќе е докажана во 50 случаи.

„Тоа било прекршување на довербата меѓу лекарот и неговиот пациент. Ова може да се нарече аморално“, вели специјалистот за репродукција од Индија, Роберт Колвер.

Како што натаму пишува The Atlantic, некои од децата на Клајн „многу го ценат придонесот“ на лекарот во нивните судбини, додека други се ужаснати од слученото поднеле тужба.

Гинекологот признал дека го користел својот генетски материјал околу 50 пати, наведувајќи дека ги уништил сите медицински податоци за тоа. Според него, во тоа време било многу тешко да се добие семена течност од други донори и за тоа било потребно многу време, отколку да се користи сопствената.

Во 2017 година, судот во Индијана го казнил Клајн со 500 долари и го осудил на една година условна казна. Исто така, му била одземена лекарската лиценца, но гинекологот се пензионирал уште во 2009 година