Американски медиуми предупредуваат на „кошмарот“ што го подготвуваат Русија и Кина

Зајакнувањето на соработката меѓу Кина и Русија претставува најголема закана за Соединетите држави, а руско-кинеската „антанта“ би можела да стане најголемиот „американски кошмар“, пишува изданието National Interest, цитирајќи експерти од американскиот Центар за националните интереси.

Експертите тврдат дека Вашингтон си дозволува голема грешка потценувајќи ја сѐ потесната соработка меѓу Москва и Пекинг. Се истакнува, исто така, дека Соединетите држави ја загубиле некогаш поволната позиција од втората половината на некогашната блоковска Студена војна, кога односите меѓу Вашингтон и тогашниот Советски сојуз и Кина одделно биле значително подобро, отколку меѓу самите водства во Москва и Пекинг.

Сепак, аналитичарите истакнуваат дека и покрај добрите односи меѓу Русија и Кина, во моментов не станува збор за официјален сојуза меѓу двете земји. Експертите веруваат дека Пекинг сѐ уште е загрижен дека сојузот со Москва во голеа мера може да ја ослаби економската соработка со Вашингтон. Од друга страна, пак, Кина е исклучително расположена за потполно продлабочување на економската соработка со Русија, но нема да презема мерки со коишто би се заштитила Москва од притисокот на Западот, на пример, целосно префрлање на финансиските трансакции меѓи двете земји во нивните национални валути.

Во написот на National Interest се потсетува на изјавата на кинескиот амбасадор во Вашингтон, Кју Тианка, кој вели дека на фотографијата со насмеаните челници Владимир Путин и Кси Џинпинг при нивното ракување, недостига насмеаното лице на американскиот претседател Доналд Трамп. Дипломатот истакна тогаш дека Кина е попрофитабилно Кина да соработува со Русија и други земји, со цел да се забрза создавањето на мултиполарниот свет, наместо постојно да се биде во биполарниот конфликт во кој се Вашингтон со Москва.

Се истакнува дека подолг период американските аналитичари со скептицизам гледаа на можноста од продлабочувањето на соработката меѓу Русија и Москва. И покрај тоа, САД несвесно преземаат чекори кои ги приближуваат Москва и Пекинг. И како да се одговори на ваквото доближување за Вашингтон во моментов е „најсложеното прашање“, пишува изданието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.