Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар

Судот во Мјанмар, земјата која е под воена управа, во петокот го осуди 37-годишниот американски новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, соопштија неговиот адвокат и работодавач, и покрај тоа што администрацијата на САД се обидуваше да испреговара негово ослободување.

Фенстер, уредник на онлајн списанието Frontier Myanmar, е прогласен виновен за поттикнување и кршење на имиграцијата и незаконско здружување, соопштија од неговиот медиуми, опишувајќи ја казната како „најстрога според законот“.

Тој е првиот западен новинар кој е затворени изминатите години во Мјанмар, каде на 1-ри февраури војската изведен бунт против избраната влада на нобеловката Аунг Сан Су Чи притворајќи ја под обвинение за корупција и злоупотреби вклучително и изборни, со што заврши деценијата на пробни чекори кон демократија но и предизвика протести ширум земјата.

„Нема никвави основи Дени да биде осуден по овие обвиненија. Сите во весникот се разочарани и фрустрирани со оваа одлука. Сакаме Дени да го пуштат што е поскоро можно да оди дома кај семејството“, изјави Томас Кин, главен уредник на Frontier Myanmar, кој е оценет како еден од најдобрите независни медиуми во земјата.

Фенстер е уапсен кога во мај се обидел да замине од Мјанмар и од тогаш е во злогласниот затвор „Инсеин“ во Јангон.

Претходно седмицава дополнително беше обвинет за сериозни дела како што е поттикнување бунт и терористички чин, без натамошни објаснувања. Ваквите дела се казнуваат со максимално 20 години затвор за секое.

Неговото семејство повторно повика на негово ослободување, изјавувајќи дека е „скршено“ со неговото казнување. Судењето на Фенстер не беше јавно и засега портпаролот на воените власти не одговараат на барањата на медиумите за коментар.

Американскиот Фенстер е еден од десетината новинари кои се затворени во Мјанмар откако протестите и штрајкуваа избувнаа по пучот, чија цел е да се нарушат настојувањата на воениот врв да ја консолидира својата моќ. Независните медиуми хунтата ги обвинува за поттикнување на безредијата.

Повеќе од 1.200 цивили се убиени во протестите, а илјадници се затворени по изведување на превратот, според активистите кои ги цитираат Обединетите нации.

Американскиот Стејт департмент изјави претходно дека затворањето на Фенстер е „длабински неправедно“ и „јасно видливо за светот“, повикувајќи ја војската веднаш да го ослободи.

Во текот на речиси половина век жестокот владеење на војската на Мјанмар, информативниот простор строго беше контролиран од државата, но бројот на медиумите во земјата нагло се зголеми по квази-цивилната влада која ги претстави пробните реформи во 2011 година. Но од пучот во февруари, војската ги отповика медиумските лиценци, наметна ограничувања за интернет и сателитските телевизии, во она што групите за човекови права го нарекоа „напад врз вистината“. Комитетот за заштат на новинарите во извештајот во јули наведе дека мјанмарската власт ефикасно го криминализирано независното новинарство.