Американски офицер обвинет за оддавање тајни и шпионажа

Военопоморскиот медицински центар во Портсмут

Пентагон во саботата одбил да ги коментира медиумските информации за случајот со припадникот на американската воена морнарица кој е осомничен за предавање тајни податоци во странство.

„Ние не коментираме претстојни или тековни судски истраги“, изјавиле за руската новинска агенција TAСС од службата за односи со странство на американското Министерство за одбрана.

Пред два дена изданието The Virginian-Pilot, повикувајќи се на судски документи, објави дека американскиот офицер Чарлс Бригс, кој работел во оделот за информатика и технологија во поморскиот медицински центар во Портсмут, е обвинет за предавање класифицирани материјали на Русија. Во написот беше наведено дека следната седмица тој ќе биде изведен пред повисока воена судска истанца.

Според информациите на порталот, Бригс имал пристап до податоците за националната безбедност од октомври 2018 до јануари 2019 година. Во обвинението, според написот на The Virginian-Pilot, било наведено дека тој ги предавал тајните информации на „лице со руско државјанство“, чиј идентитет не се наведува.

Американскиот офицер, исто така, е обвинет дека наводно од своите претпоставени го криел патувањето во Србија и не пријавил контакти со Русин и Италијанец. Исто така, бил обвинет за поседување и гледање, како и обид да дојде до материјали со детска порнографија.

Во цитираниот судски докумен, Бригс во јануари 2019 година наводно го користел својот службен компјутер за да дојде до класифицирани податоци, за кои има причина да се верува дека тие може да бидат искористени „да им наштетат на САД или да донесат полза за странец“. Во тој период Бригс служел во воздухопловната база „Оффат“ кај Портсмут во сојузната држава Небраска.

Како што истакнува во прилогот The Virginian-Pilot, во документот на воениот трибунал не се прецизира точно какви информации пренел американскиот офицер и каде се запознал со Русинот за кој станува збор во обвинението.

Се наведува дека на обвинението на Бригс ќе му биде официјално предадено во среда на 22-ри јули, но и дека датумот може да биде променет. Осомничениот, според изворот, во моментов се наоѓа во притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.