Американски пулмолог: Ивермектинот е решение за оваа криза

Пулмологот и специјалист по интерна медицина д-р Пјер Кори кој помагал во лечењето на ковид пациенти во неколку држави во САД апелира заболените од ковид-19 да се лекуваат со Ивермектин, како и лекот да се дава превентивно за да се спречи заболување од коронавирусот.

Тој, со група лекари учествувал во истражување и развивање на делотворни протоколи за лекување на ковид-19 со употреба на веќе постоечките лекови.

– Имаме решение за оваа криза. Постои лек за кој се покажало дека има чудесен ефект. Во основа тој целосно го оневозможува преносот на коронавирусот. Ако го земете нема да се разболете. Ивермектинот дејствува не само за превенција – вели меѓудругото д-р Кори.

Тој појаснува дека од 800 здравствени работници во Аргентина кои го зеле Ивермектинот ниту еден не се заразил со коронавирусот. Додека од 400 кои не го зеле лекот 237 се разболеле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.