Американски сенатори сакаат санкции за Путин, ако ја нападне Украина

Влијателни американски сенатори од Демократската партија на претседателот Џо Бајден претставија во средата нов предлог-закон кој предвидува санкции против рускиот претседател Владимир Путин доколку Русија наводно ја нападне Украина, како и дополнителна воена финансиска помош за Киев.

Законот под насловот „За одбрана на суверенитетот на Икраина“, предвидува санцкии против рускиот претседател Владимир Путин, рускиот премиер Михаил Мишустин, восоки воени функционери и повеќе руски ентитети во банкарскиот сектор во случај на „инвазија“ и „ескалација на непријателствоата“. Меѓутоа, во предлогот не се споменува како ќе се утврди дека станува збор за инвазија а не за возвратна реакција на Русија.

Со предлогот се предвидуваат и дополнителни 500 милиони долари дополнителна воена помош за Украина, што ќе одат за набавка оружени системи главно од американски производители. Сумата е повеќе од двојни повеќе отколку што администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден издвои за истите намени во полза на Киев минатата 2021 година.

Ситуацијата околу Украина последните два месеца е затегнета. Западот тврди дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина и дека разместува големи воени сили во близина на границата. Москва возвради дека раздвижувањето на нејзините сили на нејзината територија е предизвикано од постојаното трупање на сили и стратешко вооружување на Украина на линијата на раздвојување со силите на одметнатите доминатно руски источни региони по превратот од 2014-та, и дека Киев можеби се подготвува за воено решение на граѓанската војна, како и поради присуството на американски воени инструктори и војници во регионот.

„Овој закон јасно покажува дека американскиот Сенат нема да со скрстени раце да ја набљудува заканата за нова руска инвазија на Украина“, изјави во соопштението за јавноста Боб Менендез, влијателен претседател од редовите на демократите во сентаскиот Комитет за надворешни работи.

Текстот на предлог-законот повикува и САД да ги „разгледаат ситѕе расположливи и соодветни мерки“ за да се осигури дека гасоводот Северен тек 2, кој го сметаат „инструмент за злонаморното влијание на Руската Федерација“ воопшто да не проработи.

Предлог-законот ја има поддршката на половината односно 25 демократски сенатори, водени од нивниот лидер Чак Шумер, како и од Белата куќа.

Законот „би бил тежок удар за руското стопанство“, истакна портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.