Американски силувач осуден на доживотен затвор, по грешка пуштен на слобода

Осуденик на доживотен затвор за силување и злоставување малолетни лица, по грешка бил пуштен на слобода во американската сојузна држава Џорџија, пренесува во понеделникот телевизијата Fox News.

Управата за извршување на санкции на државата Џорџија соопштила дека затвореникот Тони Мајкон Муњос-Мендез, бил „по грешка пуштен на слобода“ на 25-ти октомври од државниот затвор во градот Рајдсвил.

Се истакнува дека Муњос-Мендез бил осуден за силување извршено во 2012 година, како и за злоставуање и силување малолетници во 2010 година.

Телевизијата во прилогот наведува дека властите ги ангажирале сите ресурси во потрагата по 31-годишниот осуденик.