Американски синџир ќе нуди на продажба пици без тесто

Американскиот синџир за пица Papa John’s воведува новина, пици без тесто. Производот што ќе биде официјално претставен подоцна овој месец ќе се вика Papa Bowls.

Станува збор за „тањирчиња“ во кои има само фил, што вообичаено би одел на тестото за пица и тоа е нешто слично на полуприготвен оброк, бидејќи се докомплетира во микробранова печка. Всушност, сѐ што е потребно е да се загрее садот неколку минути за да се стопи сирењето.

Еден сад ќе чини 7,99 долари, а во продажба би требало да се најде на 22 август. Иако оваа вест одекна во јавноста, Папа Џонс не беше првиот што го помисли ова. Пица без тесто нуди и друг, помалку познат американски ланец пицерии, Papa Murphy’s. Веќе некое време продаваат таканаречени кето чинии за пица.