Американски суд ги блокираше страниците на ирански државни медиуми

Соединетите држави во вторникот го блокираа пристапот до мрежните страници на повеќе ирански државни медиуми на кои се појави пораката дека ги „блокирала американската влада“.

Веб-страниците на информативните мрежи на арапски јазик Al-Alam и на англиски Press TV, како и мрежата Al-Massera на јеменските шиитски бунтовници хусити, ја објавија истата порака дека нивните домени се блокиран и во рамките на американските санкции. На пораката се гледа и штембилот на американската сојузна полиција и на министерството за трговија.

Иранската државна телевизија Irib го осуди блокирањето на „медиумите кои ги разоткриваат злосторствата на американскиот сојузници во регионот“ на Блискиот исток. И новинската агенција Fars, која се смета за блиска на иранските ултраконзервативци, го осуди „очигледното кршење на слободата на говорот“.

„Иако владата на демократите во САД тврди дека ја поддржува слободата на говорот, таа во праксата го затвора медиумите така што ги поддржива Израел и Саудиска Арабија“, пренесе Irib споменувајќи ги двата историско сојузници и Вашинготн на Блискиот исток и смртни непријатели на Иран.

Иранската телевизија објави дека се блокирани и мрежите на ирански Al-Allah, палестинската Al-Youm, потоа Naba и Al-Kawthar, и мрежната страница на јеменските бунтовници Al-Masirah.

Блокирана е и страницата на  и бахреинската опозициска телевизија LuaLua TV.  Во Бахреин инаку е стационирана американската Петта флота и таа земја лани под притисок на САД ги нормализираше односите со Израел, за што беше остро критикувана од другите арапски земји.

Американската новинска агенција The Associated Press, повикувајќи се на извори од американската влада, потврди дека околу 30 ирански интернет портали се блокирани од американските власти. Станува збор за акција водена од американските агенции на Управата за контрола на извозот при Бирото за  Биорото за индустрија и безбедност при Министерството за трговија и Федералното биро за истраги (FBI).

Од Министерството за трговија и од FBI не одговорителе на прашањата на агенциите да го коментираат инцидентот. Шефот на прес-службата на Стејт департментот, Нед Прајс, на брифингот со новинарите, исто така, одбил да го коментира случајот. Додал дека „некои информации за ова прашање“ ќе ги даде Министерството за правда.

Според изворит на агенцијата, американските власти го „блокирале пристапот до околу триесеттина страници“. Повеќето од нив, се посочува дека во извештајот, „се поврзани со обидите на Иран да шири дезинформации“.

Во информацијата на The Associated Press се нагласува дека блокирањето на иранските портали доаѓа во заднините на „влошувањето на односите“ меѓу Вашингтон и Техеран по победата на тврдолинијашкиот канидат Ебрахим Раис на ирансите претседателски избори.

Иран е под низа американски економски санкции, откако Вашингтон во 2018 година се повлече од меѓународниот нуклеарен договор, а САД го обвинуваат Техеран за „крешење на човековите права и поддршка на тероризмот“.