Американски вандал за 15 секунди уништи уметничко дело од 3 млн долари (ВИДЕО)

Досега неидентификуван сторител на 2 мај ја нагрдил сликата на уметникот Кристофер Вул „Без наслов 2004“ која е проценета на три милиона американски долари, а вандализмот го снимила камерата на видео надзорот на Оперната галерија во Аспен, во сојузната американска држава Колорадо, објави полицијата.

Мажот со црни очила и капа се доближил до платното и двапати замавнал во него со нож. Потоа се свртел и излегол од галеријата. Вкупно во изложбениот простор тој бил само 15 секунди.

Досега не е утврден идентитетот на вандалот. Весникот The Aspen Times го цитира сопственикот на галеријата Грегори Лахми кој потврдил дека делото практично сега е уништено. Меѓутоа, додал дека и покрај тоа сликата и натаму ќе остане на истото место во изложбениот салон.

muzej vandalizam 02Помошникот на Лахми додал дека злосторникот со умисла се упатил токму кон сликата на њујоршкиот уметник Кристофер Вул, воопшто необраќајки им внимание на делата на пославните Пабло Пикасо и Марк Шагал, чии слики се особено цел на слични вандалски обиди во музеите низ светот.

Соработникот на музејот, исто така, навел дека неколку седмици пред инцидентот примале чудни телефонски повици. Лице кое не сакало да се претстави барало информација дали споменатото платно навистина е изложено во нивната галерија.

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.