Американски воен дрон се урна во Полска

Воено извидувачко беспилотно летало на американските единици се урнало во вторникот ноќта во југозападна Полска, извести во петокот приватниот телевизиски канал RMF FM.

Леталото е пронајдено во шума во близина на селото Тржебиен, откако случаен минувач во службите за итни реакции јавил дека видел објект кој паѓа во областа, се наведува во прилогот на телевизијата.

Се истакнува дека областа во којашто паднало беспилотното летало е во близина на воен центар за обука на полската војска.

Александер Кучарчик, од противпожарната служба во градот Вроцлав изјавил за RMF FM дека во инцидентот нема повреден, како и дека претставник на војската му рекол дека станувало збор за извидувачко беспилотно летало.

Воено разузнавачко беспилотно летало што се урна во југозападна Полска доцна во вторникот го користеле американски војници за тренaжен лет, соопшти во петокот полското Министерство за одбрана.

„Добиените информации покажуваат дека за време на тренажен лет на американски војници, контактот со дронот бил изгубен, а потоа паднал во шумска област“, напиша Министерството за одбрана во одговор преку електронска пошта на прашање на агенцијата Reuters.

„Никој не е повреден, а нема штета како резултат на инцидентот… Дронот го презеде американската страна, која го поседува дронот“, се додава во одговорот.

Членката на НАТО, Полска е во состојба на готовност поради неколкуте проектили кои завршија во нејзиниот воздушен простор додека беснее војна во соседна Украина по инцидентите во ноември и декември кога проектили паднаа на нејзина територија, кога имаше и две жртви. Тогаш за малку беше избегнат голема ескалација, откако Киев тврдеше дека станува збор за руски проектили истрелани кон Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.