По спасувачката операција, што траеле во текот на целиот вчерашен ден, пилотот капетан Џек Фредерик бил пронајден од брод на јапонските служби за одбрана. Тој веднаш бил префрлен во американската авиобаза „Ивакуни“, каде воените лекари само ја констатирале неговата смрт.
Веднаш по инцидентот јапонските власти побараа привремена забрана за тренинг летови на американски воени авиони од базата „Ивакуни“, се додека не се утврдат причините за инцидентот.