Американскиот боксер Лопез ја освои титулата во лесна категорија по сите верзии

Американскиот боксер Теофимо Лопез ја освои титулата во лесна категорија по сите верзии, откако со едногласна одлука на судиите го победи Украинецот Василиј Ломаченко во саботата ноќта во Лас Вегас.

Лопез, кој беше сопственик на шампионскиот појас во IBF верзијата во лесна категорија, сега ги обедини и титутлите по верзиите WBC, WBO и WBA, коишто до саботата ги држеше Ломаченко., кој беше непобеден последните шест сезони.

Со своите 23 години Лопез стана најмладиот боксер кој ја освоил титулата во сите верзии од основањето на WBO во 1988 година.

„Подготвен сум да доминирам во светот“, изјави Лопез кој победи во сите своите 16 професионални борби, од кои 12 со нокаут.

Лопез нема загубено меч од поразот во аматерска конкуренција на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, кога настапуваше за боксерската селекција на Хондурас.

Тројцата судии ми дале повеќе бодови (119-109, 117-111 и 116-112), но борбата којај беше одржана без гледачи поради епидемијата на короанвирусот, изгледаше многу понеизвесто отколку што покажува гласањето на судиите.

„Мислев дека победив. Тој беше подобар во првиот дел од борбата. Но во втората половина, ја преземав контролата“, рече Лоначенко, двоен олимписки победник во 2008 и 2012 година, кој го напушти рингот веднаш по објавувањето на резултатот.