Американскиот државен секретар Мајк Помпео му се закани на Иран со „поголема изолација и засилени санкции“

30

Американскиот државен секретар Мајк Помпео му се закани на Иран со „поголема изолација и засилени санкции“, откако Техеран потврди дека Иран ќе почне да збогатува ураниум на ниво повисоко од договореното со меѓународниот договор од кој Вашингтон се повлече.

Помпео на Твитер напиша:„Најновиот развој на иранската нуклеарна програма води кон поголема изолација и засилени санкции. Треба да се врати старата политика која му забранува на Иран збогатување ураниум. Иранскиот режим, опремен со нуклеарно оружје ќе стане уште поголема закана за светот“.

Иранските власти соопштија дека почнале да збогатуваат ураниум на ниво кој е забрането според договорот потпишан со светските сили. Дозволеното ниво е до 3,67 отсто.

Иранските мерки претставуваат одговор на американското повлекување од договорот и повторното воведување на санкциите.

Договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма го склучија во 2015 во Виена Иран со шесте големи сили – САД, Русија, Кина, Франција, Британија и Германија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.