Американскиот Fed ги зголеми каматите, го намали процените за растот на БДП-то

Американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми каматните стапки со побавно темпо отколку во претходниот период, како што и се очекуваше на финансиските пазари, но ги зголеми процените за инфлацијата а ги намали процените за растот на економијата во следната година.

По кревањето на клучните камати за 0,75-процентни поени на четирите претходни седници, во средата челниците на Fed го зголеми цените на задолжувањето за 0,50-процентни поени, во распон од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивното највисоко ниво во последните 15 години.

Соопштението на американската централна банка од последната седница годинава не е позначително изменето во однос на минатомесечното, па меѓу другото се повторува дека ќе биде примерено натамошното зголемување на каматните стапки. На прес-конференцијата по седницата, претседателот на Fed, Џером Пауел, порача дека е неопходно да се продолжи справувањето со инфлацијата за да не се вкоренат очекувањата за зголемувањето на цените.

„Податоците за инфлацијата во октомври и во ноември се добредојдени сигнали за забавувањето на темпото на растот на цените. Но ќе бидат потребни повеќе докази дека инфлацијата во трајна надолна патека“, изјави Пауел.

Економските процени, дадени со соопштението, сугерираат дека челниците на Fed очекуваат дека каматните стапки на крајот ќе бидат подигнати повеќе отколку што се очекуваше во септември. Средната прогноза сугерира дека следната година стапките ќе бидат подигнати на конечно ниво, на коешто ќе се запре циклусот зголемување на каматите од 5,1 отсто во споредна со септемвриската проекција од 4,6 отсто.

Тоа значи дека Fed следната година веројатно ќе ги зголеми каматните стапки за натамошни вкупни 0,75-процентни поени, во распонот од 5 до 5,25 отсто.

Покажува, исто така, дека челниците на банката проценуваат дека инфлацијата ќе остане висока и во 2023 година. Така, очекуваат дека растот на потрошувачките цени на следните години ќе забави на просечно 3,1 отсто од годинешните 5,6 отсто, но тоа сеуште е повисоко од 2,8 отсто, колку што проценуваа во септември и значително над 2-процентната цел на американската централна банка.

Поради повисоките камати, Fed ка намали прогнозата за растот на бруто домашниот производ (БДП0 во 2023-та на 0,5 отсто, додека во процените од септември се очекуваше раст од 1,2 отсто.

Челниците на неколку големи американски банки предупредија деновиве дека американската економија следната година би можело да потоне во рецесија. Но Пауел и натаму смета дека е можно и „меко приземјување“ на економијата.

„Мислам дека никој не може да знае дали ќе имаме рецесија или не. А доколку ја има, дали ќе биде длабока или не… Тоа едноставно не може да се знае“, порача претседателот на Fed.