Американскиот Конгрес усвои санкции против рускиот гасовод Северен тек 2

Американскиот Конгрес вечерва усвои санкции за рускиот гасовод Северен тек 2, за кој Вашингтон смета дека ќе го зајакне влијанието на Русија во Европа, додека промоторите на тој гасовод тврдат дека Европа ќе биде подобро снабдена.

Санкциите, кои претходно беа осудени во Европската унија кога почнаа да се споменуваат, се применуваат за компании кои соработуваат во изградбата на гасоводот под Балтичко Море, со цел да се избегне Украина, преку која досега минуваше поголем дел од рускиот гас, пренесува Бета.

Гасоводот „Северен тек“ 2 започнува во Русија и минува низ поморските области на Финска, Шведска, Данска и Германија до копното. Капацитетот ќе биде 55 милијарди кубни метри природен гас годишно. Гасоводот ќе биде долг 1.200 километри.