Американскиот министер за одбрана Матис поднесе оставка

Американскиот министер за одбрана Џим Матис поднесе оставка во четвртокот признавајќи дека не се согласува со претседателот Доналд Трамп, кој неколку часа претходно на Twitter објави дека челникот на Пентагон ќе се пензионира кон крајот на февруари, во посмото до американскиот претседател кое го објави министерството за одбрана.

„Имајќи предвид дека имате право на министер за одбрана чиишто ставови ќе ви бидат поблиски (…) мислам дека оставката е добра одлука“, напиша пензионираниот генерал на корпусот на американската морнаричка пешадија во писмото во четвртокот, ден откако беше објавено повлекувањето на американскиет војници од Сирија.

Во објавата на Трамп на микроблогот, беше објавено дека претседателот наскоро ќе именува нов министер за одбрана. За заминувањето на Матис се шпекулираше откако Трамп во средата најави повлекување на американските сили од Сирија и покрај спротиставувањето на американските сојузници и воените претставници.

Џим Матис така се придружува на долгиот список со имиња од високи функционери на администрацијата на Трамп коишто поднесоа оставки или се преместени, некои и преку социјални мрежи како шефот на дипломатијата Рекс Тилерсон кого Трамп го отпушти од должноста во март преку Twitter.