Американскиот обвинител Сешнс поднесе оставка на барање на Трамп

Американскиот главен државен обвинител Џеф Сешсн, поднесе оставка на барање на претседателот Доналд Трамп кој му забележува затоа што самиот се исклучи од истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

„Му се заблагодаруваме на главниот државен обвинител Џеф Сешнс на неговата служба, и му посакуваме секое добри! Чест ни е да објавиме дека Метју Витакер, шефот на апаратот на главниот обвинител Џеф Сешсн во министерството за правда ќе бидена нашиот нов вршител на должноста главен обвинител на САД. Постојаната замена ќе биде објавена подоцна“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

Телевизијата Fox News објави писмо во коешто Сешнс наведува дека таквиот потег бил баран од него. Овој потег може да се одрази на истрагата за наводното руско мешање во изборите којашто ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

Сешнс ја загуби довербата на претседателот Трамп кој повеќепати и јавно го критикуваше за начинот на водење на министерството за правда, чиј челник всушност на извршува и должноста државен обвинител. Трамп, исто така, повеќепати повтори дека функционери во министерството за правда коваат заговори против него. Сешнс, иако остана верен на програмата на Белата куќа, самиот се иззема од истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, поради неговите контакти со рускиот амбасадор.

Челничката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, веднаш реагираше на оставката оценувајќи дека тоа претставува „очигледен обид за поткопување и завршување на истрагата на специјалниот обвинител Мјулер. Во изјавата на Twitter, Пелоси го повикува Метју Витакер да е изземе од истрагата и порача дека „Конгресот мора да преземе итна акција за да го заштити владеењето на правото и целокупноста на истрагата“.

Иззмањето на Витакер го побара и водачот на демократите во Сенатото, Чак Шумер. „Имајќи ги предвид неговите претходно коментари (…) и наметнувањето на ограничувања на истрагата на Мјулер, Витакер би требало да се изземе“ додека ја извршува должноста главен државен обвинител.